Loading Video...
Свет
23. March 2024 - 16:35

Преглед на вестите од светот

Кејт Мидлтон има канцер

Кејт Мидлтон има канцер. Британската принцеза од Велс преку видео порака рече дека откривањето на болеста е голем шок по неколку многу тешки месеци. Таа, сепак, испрати позитивна порака, велејќи дека е добро и секој ден е се посилна.

Во јануари, направив голема операција на абдоменот во Лондон и во тоа време се мислеше дека мојата состојба не е канцерогена. Операцијата беше успешни. Сепак, тестовите по операцијата покажаа дека има рак. Затоа, мојот лекарски тим ме советуваше да одам на курс на превентивна хемотерапија и сега сум во раните фази на тој третман. Се разбира, ова беше огромен шок“ – Кејт Мидлтон, принцеза

Детали за болеста се уште не се откриваат. Лондончани тагуваат и и посакуваат брзо закрепнување.

Можам само да замислам низ што поминува нејзиното семејство во моментов. И се надевам дека ќе можат да направат се што можат за неа и таа ќе може да закрепне

Би сакала да и посакам брзо закрепнување на Кејт бидејќи е мајка. И не ми е гајле што направија медиумите, не ми е гајле што е принцеза. Факт е дека таа е мајка и сакам да оздрави

Претхдно, канцер му беше дијагностициран и на британскиот крал Чарлс Трети.

 

Газа доби пакети со помош фрлени по падобранци

Пакети со помош беа фрлени со падобрани над Газа. Бидејќи пропаднаа надежите за примирје за време на светиот муслимански месец Рамазан, САД и другите држави се обидоа да користат другите начини за да испорачаат повеќе помош.

Хуманитарните агенции велат дека само една петтина од потребната количина на залихи влегла во Газа. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш се очекува да ја посети границата на Египет со Газа.

Секој понатамошен напад ќе ги влоши работите. Полошо за палестинските цивили, полошо за заложниците и полошо за сите луѓе во регионот. Сето ова покажува дека е повеќе од време за итен прекин на огнот“ – Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН

Израел се закани дека ќе започне голема воена операција во јужниот град Рафах, веднаш преку границата со Египет, и покрај меѓународните апели против него.

 

Силно невреме во Бразил, маж почина од удар на гром

Силнo невреме предизвика хаос во повеќе бразилски градови. Обилен дожд и ветер предизвикаа штети на инфраструктурата и голем број паднати дрвја. Во Рио де Жанеиро еден маж загина од удар на гром.

Во јужниот регион невремето помина многу брзо, предизвикувајќи чести грмотевици. Во неколку градови се забележани удари на ветер од над 100 километри на час“ - Фабио Луенго, Метеоролог

Властите се на готовс откако метеоролошкиот инсистут најави дополнително засилување на времето.