Никој не знае кога ќе профункционираат хируршките сали на Клинички
Во Клиниката за хируршки болести го прошириле капацитетот во одделот на интензивно лекување за да ги прифатат сите оперирани пациенти поради хаосот со хируршките сали на клинички. Според информации од Стара градска таму во моментот на Интензивна има 10, наместо 8 пациенти и уште 5 на полуинтензивно лекување. Установата уште пред 1 недела ги одложи сите редовно закажани операции за да може да им излезе во пресрет на итните случаи. Полн е капацитетот и во ГОБ 8 септември.
Во меѓувреме две недели откако беа затворени салите на хирургија во најголемиот здравствен комплекс во Македонија, од министертсвото за здравство не кажуваат кога истите повторно ќе профункционираат, ниту кога ќе бидат готови анализите кои се прават во Германија за да се утврди што е причината за смрдеата во хируршкиот блок.
Од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека ќе има одговорност за како што велат колапсот и прашуваат зошто никој од 12-те директори на клиниките молчат.
Ова е срамно и неетичко однесување, да се чека крај на мандат со скрстени раце, додека пропаста на Хирургија ги преоптовари сите болници во Македонија, а пациентите чекаат за операции. Срамно е заради негрижа да пропадне Клиниката за хирургија, пациентите да заминуваат во приватните болници, на своја или на сметка на државата.
Немаат збор ниту министерот ниту овие дванаесетмина за економскиот директор којшто со екипа заминал на Азурен брег, ниту пак за оние т.н. Заеднички служби. Никој од нив не кажал ниту збор, ниту претходно ниту сега откако системот колабираше, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку уште викендот со компресори за воздух беа опремени неколку сали на хирургија за да можат да бидат операирани најитните пациенти кои не се во состојба да се транспортираат до двете болници во Скопје.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар