Професорот Нико Беќаровски е предлогот на стручниот колегиум за медицински директор на Токсикологија
Професорот Нико Беќаровски да биде медицински директор на Токсикологија. Ова е предлогот на стручниот и лекарски колегиум на Клиниката, откако вчера заменик министерката за здравство побара тие да да кажат кој да раководи со установата која неколку месеци ја тресат скандали. Од министерството потврдија дека го добиле предлогот.
- Во моментов, се разгледува дали предлогот за нов медицински директор ги исполнува условите согласно законот, по што ќе ја информираме јавноста, одговорија кратко од мз.
Професорот Беќаровски и претходно скоро две години беше директор на Токсикологија. Изминатиот период излезе јавно со колегите и посочи на самоволие и лошо менаџирање од страна на организациската директорка Бесија Иљази. За која пак вчера од Антикорупциска кажаа дека незаконски им дала решенија само со нејзин потпис на договорците меѓу кои има и лица без соодветно образование и најавија дека ќе бараат одговорност од неа.
Од ДКСК посочија и дека министерот во заминување Илир Демири незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија Данил Петровски и на кардиохирургија Маријан Шокаровски и притоа прекрил два закони.
Дали за ова ќе сноси одговорност на потег се надлежните институции?
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар