Македонија
1. December 2024 - 17:04

На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите

Фирмите кубурат со кадар, во моментов недостасуваат над 10.000 работници. Од Синдикатот вината ја лоцираат во газдите, кои исплаќаат ниски плати, со кои не може да се истурка месецот.

За подобра екгзистенција работниците заминуваат во странство, додека увезените од истокот, кај нас гледаат само на отскочна даска за влез во Европа. Кога веќе работодавачите не ги зголемуваат платите, бараат државата да најде начин да ги спречи трговците секојдневно да ги качуваат цените.