Македонија
24. January 2025 - 12:14

Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија

Студентите од Турција кои решија високото образование да го завршат на штипскиот Универзитет, ја подигнаа цената за изнајмување на недвижнини, но и локалната економија. Велат дека еден студент месечно троши и до 1000 евра, сума со која можат да си дозволат многу нешта.

- Moжеби околу 1000 евра, не знам точно, но прилично е толку, бидејќи ние сме студенти  и со 1000 евра е добро. Ми се допага Штип.

- За еден месец, мислам дека 1000 евра. Тоа е добро за нас студентите, барем за мене е доволно.

- Нешто над 500 евра, но за мене се доста, анкета студенти од Турција на УГД- Штип

Она што најповеќе ги импресионира се локалните кулинарски специјалитети.

- Пастрамајлијата е добра, ама најмногу сакам бурек.

- Да, ми се допаѓа, храната овде е посебна, супер е, додаваат студентите.

Некои се одлучуваат и да купат недвижен имот, а други да започнат сопствен бизнис.

- Купуваат станови, куќи, по чаршија некои дури и дуќани отвараат. Секој жив човек сака да се снајде на некој начин, дали е Тучин или Македонец, животот за сите е ист. Не е лошо, градот е по жив, чаршија, продавници имаат промет. Има придонес во трговијата, занаетчиството, се едно нешто што ќе купи, ќе мора некоја пара да потроши, анкетиран штипјанец

По дипломирањето најчесто се враќаат во Турција, за да бараат вработување, а доколку не успеат да најдат добра работа сo посакуваните услови, бараат можности во некоја од европските земји каде е признаена дипломата од УГД-Штип.