Преглед на вестите од светот
Трамп привремено ја запира помошта за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа.
„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Неопходно е и нашите партнери да бидат посветени на оваа цел.
Кабинетот на Зеленски не одговори веднаш на барањето за коментар. Фокс њуз цитираше друг американски функционер кој нагласи дека ова е пауза, а не трајно запирање на помошта.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот рече дека на Украина и се потребни безбедносни гаранции за „вистински и праведен мир“. Тој додаде дека на неговата земја и е потребна „соодветна дипломатија“ за брз крај на тригодишната војна со Русија.
Невреме во Шпанија
Ненадејна бура го погоди регионот Телде, во Шпанија доведувајќи го градот во застој. Обилните дождови го поплавија источниот дел на Гран Канарија во понеделникот однесувајќи автомобили и оставајќи ги улиците прекриени со кал.
Жителите заедно со службите за итни случаи во заеднички напори работеа да ја исчистат калта наталожена на улиците од поројниот дожд. Засега нема информации за повредени, а се очекува и проценката за материјалната штета од невремето.
Трет ден карневал во Рио Де Женеиро
И додека во Гран Канарија имаше бура со дожд, жителите на Рио де Женеиро уживаат трет ден во карневалот, во заштитниот знак на најголемиот бразилски грда. Високите температури не се пречка да се изведе и покаже тоа што е подготвувано за овој настан.
Главната забава е на самбадромот, местото за натпревар на најдобрите самба училишта каде се оценува: кореографија, атмосфера, организација и пеење.
Но не само карневалот и забавата во вечерните часови, жителите на градот во текот денот во своите квартови организираат забави со посебни тематики, уличните забави истотака знаат да привлечат многу внимание, а секако и туристи од целиот свет.
Фестивалот потекнува од традицијата на уживање пред Великиот пост, а официјално завршува на 8.март.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар