Македонија
23. May 2025 - 16:43

Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“

Ослободителна пресуда за Љупчо Георгиевски, битолчанецот кој себе си се идентификува како македонски Бугарин и го отвори бугарскиот клуб Ванко Михајлов, а кој е обвинет за предизвикување на расна, национална и верска омрза е знакот што официјална Софија ќе го чека од македонската страна како доказ дека се почитувале малцинските права во земјава.

Бугарското МНР вчера излезе со специјално соопштение за случајот кој вели дека е клучен за тоа како понатаму ќе се однесува Бугарија пред европските власти за каква е состојбата на Бугарите во Македонија.

„На властите во Скопјe постојано им е укажано дека овој случај ќе е знак за Бугарија во однос на нивната подготвеност да ја гарантираат рамноправноста на Бугарите и да ги решат проблемите со кои се соочуваат... Бугарија очекува фер судска одлука и отфрлање на неоснованите обвинувања против Љупчо Георгиевски. Сепак, оваа правда, за жал, нема да ги избрише последните години на огромен стрес и нарушен личен живот на македонскиот Бугарин”, стои во објавата на бугарското МНР.

Дополнително таму се наведува дека шефот на бугарската дипломатија Георигев оваа позиција му пренел и на македонскиот министер за надворешни рaботи Муцунски. Во соопштението се вели и дела со случајот се запознати и дипломатските мисии на државите членки на ЕУ во Скопје,  но и дека бугарскотро МНР преку своите партнери од ЕУ ќе бара да престане овој притисок врз бугарската заедни во Македонија.

Георогивски во текот на 2022 година беше еден од основачите на клубот Ванчо Михајлов, а дополнително поради коментари на социјалните мрежи беше обвинет за предизвикување омраза врз национална основа и за ширење на ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Пред два дена дена во битолскиот суд беше одржано и завршното рочиште на кое во негова корист пак, сведочеше поранешниот премиер Љубчо Георигевски.

Иако не го познавал истоименикот екпремиерот вели дека се пријавил за сведок бидејки според него на ова судење не му се суди само на македонскиот Бугарин, туку и на Ванчо Михајлов, за кого не смета дека е негативен лик од македонската историја.

Официјална Софија веднаш застана во одбрана на Георгиевски, а во 2023 година тој на свечена манифестација доби и бугарски пасош од претседателот Радев.