Мицкоски: Владата презема повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето
Владата презема мерки и чекори за намалување на аерозагадувањето, некои ќе можат веднаш да се реализираат, за други е потребно време, клучно е обезбедување на алтернатива за затоплување за домаќинствата, далечинско централно затоплување, изградба на конегереративни гасни централи, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина. Премиерот на расправата изрази согласност дека проблемот е актуелен секоја зима, посочувајќи дека изминатите децении малку или речиси ништо не е направено во делот на борбата за почист воздух.
Во однос на загадениот воздух Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти, посочувајќи дека, генерално за животната средина се важни и прочистување на отпадните води, организираните системи за одведување на отпадни води, одлагање на смет...
- Кога станува збор за воздухот и квалитетот на воздухот, најголем причинител, јас би се согласил со вас, е токму тоа што вие го кажавте, системот на затоплување на домови. Но, и на индустриски објекти, јавни објекти. Имаме многу јавни објекти коишто сè уште користат фосилни горива за затоплување на самите тие објекти, истакна Мицкоски.
За решавање на проблемот, тој смета дека потребно е да се изградат таканаречени когенеративни гасни централи коишто можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина.
- Ова е еден од главните приоритети и ќе продолжиме во таа насока да се бориме, посебно во делот на обезбедување на централизиран систем за затоплување на домовите, јавните објекти и дел од индустриските капацитети. И како тоа ќе го правиме најчесто тоа може да се реши со изведба на таканаречени когенеративни гасни централи коишто можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина. Но, за сето тоа да се случи потребна е и подземна инсталација за да може таа топла вода да дојде до домаќинствата, до јавните објекти и до индустриските објекти, рече премиерот.
На надзорната комисија, Мицкоски потенцираше дека не треба да се обвинуваат домаќинствата, бидејќи никој не им обезбедил алтернатива-најчесто е централно греење кое засега е достапно само во дел од Скопје и во некои општини кои инсталираат гасни котли за затоплување на јавни објекти.
- Но, нема далечинско централно затоплување на домаќинствата и можеби тоа е причината зошто луѓето користат најчесто фосилни горива, но неретко и користат практично се. Од прегорено масло, преку отпадни гуми, стар мебел и покуќнина за да може да ги затоплат своите домови. Тоа може да се надмине само на еден начин ако се реализираат овие проекти и ако се работи на свесноста на сите чинители во општеството. Во годините кои следат дел од овие проекти за дел од општините ќе се реализираат и ќе обезбедат почиста и поздрава животна средина, потенцираше Мицкоски.
За него, важно се и субвенциите за инсталирање на ефикасни котли на гас во јавни објекти, топлинските и геотермалните пумпи.
- Како Влада се заложивме и сме во напредна фаза на одблокирање на заем од Светска банка да бидеме пријателска влада кон околината преку реконструкција на јавните објекти. Многу работи се случуваат ќе продолжат да се случуваат, изјави премиерот Мицкоски.
Во однос на подигање на свеста кај граѓаните, премиерот на прашање на пратеничката Каролина Настовска, околу придонесот на домаќинствата во загадувањето на воздухот повтори дека е далечинско централно затоплување и организиран настап. Тој кажа дека повеќе се залага за организирано, наместо парцијално решавање на проблемот.
- Кога станува збор за затоплувањето, јас сум повеќе за далечинско затоплување, можеби ќе треба повеќе време но кога тоа ќе се заврши тоа значи дека сигурно имаме далечинско затоплување и сигурно имаме најевтин ресурс за затоплување на нашите домови, кажа премерот.
На прашање на пратеничката, Грација Бакраческа, дали за девет години ќе има подобрување во квалитетот на воздухот, за ранливи категории деца и болни лица, премиерот одговори дека сите мерки се однесуваат на секој поединец.
- И ќе повторам, не е само воздухот, зборуваме за почиста, и позелена и поздрава животна средина. Тоа значи, да немаме диви депонии, секое домаќинство да има достапност до питка вода за пиење, да имаме организиран систем за одведување на отпадните води. Така што сето ова е причинител, сето ова се проблеми со кои ние мора да се соочуваме. Само 11 проценти од територијата е покриена со организирање на отпадните води, ќе ви стане јасно за што зборувам, заклучи премиерот Мицкоски.
На надзорната расправа во Собранието премиерот Мицкоски одговараше на прашање на пратеникот Олга Лозановска за влијанието на транспортот врз загадувањето на воздухот, кој според анализите е втор загадувач. Премиерот рече дека во завршна фаза, преку Министерството за транспорт, објавување на јавна набавка преку која ќе бидат купени 120 електрични автобуси. За него е важно, што автобусите ќе се распределат по општините каде има организиран јавен градски превоз. Тој дополни дека во владина процедура е усогласување на царинските тарифи со ЕУ во делот на увоз на автомобили и автобуси.
-За оние батериски системи, познати во струката како резервоари за полнење на електрична енергија, досега имаме царинска стапка од петнаесет проценти додека ЕУ има 2,7%. Со тоа автоматски секој оној кој сака да инвестира и да придонесе да имаме поздрава животна средина, плаќа многу повеќе од своите колеги во ЕУ. Има низа сетови на мерки во таа насока. Исто така тука се и изградбата на железничките коридори 10 и 8, каде за жал од страна на нашите соседи многу малку има внимание посветено на коридорот 8, но се надевам дека и тие набргу ќе бидат свесни дека коридорот треба да го задвижат во делот на железничката инфраструктура. Ние планираме модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Гостивар, модернизација и реконструкција на пругата од коридор 10 од Табановце до Гевгелија со изградба на нов колосек, што значи ќе имаме два колосека. Работите се движат. Не може преку ноќ да ги завршиме сите работи кои со децении стоеле, но ценам дека во овие единаесет месеци доста од работите се придвижија, заклучи премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби