СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската сала откако беше одбиено од дневниот ред да се тргне расправата за Резолуцијата на на парламентарното мнозинство со која се осудуваат манипулациите на опозицијата и потврда на политиките против нелегалната миграција составена од девет точки. Според Спасовски ова било диктатура со замолчување на опозицијата.
И ДУИ обвини за грубо кршење на деловникот обвинувајќи дека и Резолуцијата и точката со која се бара продолжување на кризната состојба за зголемен обем на мигранти е потврда за нивните обвинувања.
Резолуцијата на парламентарното мнозинство е единствената која се најде пред пратениците на денешната пленарна седница. Спорд нив ова ќе значи крај на лажните обвинувања на опозицијата дека е договгорено носење на мигранти во Македонија.
На седницата на која предвидени се опозициски пратенички прашања фокусот беше ставен и на спроведувањето на проектото Безбеден град. И покрај обвинувањата на опозциијата дека власта со дел од законските решенија сериозно ги крши човековите права, министерот Тошковски им врати дека ова се неопходни чекори за да се спречи загубата на животи по македонските патишта.
Пратениците дадоа зелено светло и за уште пет закони кои ќе се носат по скратена постапка и сите се однесуваат на спроведување на проектот Безбеден град.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
