Македонија
27. May 2025 - 16:36

Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата

Чебрен и Галиште да ги гради државата, а парите да се обезбедат од британскиот заем. Ваквата опција за министерката за енергетика е најдоброто решение, кое сепак ќе зависи од пресметките колку ќе чини. 

Во финална фаза се математиките дали ќе ни бидат потребни 1, 2 или 1,3 милијарди евра, како и условите за враќање на кредитот, вели Божоновска. Самата изградба на хидроцентралите би траела 7 до 8 години. 

- Ние сакаме да е наш проект, ќе видиме под кои услови, бидејќи е проект кој ќе се гради 7,8 години. Да ги видиме и условите за плаќање, тоа е проект каде нема одма да се враќаат парите, но се ќе зависи од условите. Ние нема одма да ги враќаме парите, да видиме кога би почанле, изјави Сања Божиновска, министерката за енергетика 

Вчера премиерот Мицкоски обелодени дека со британскиот кредит се размислува да се градат и овие две хидроцентрали, за да се обезбеди стабилност на енергетскиот систем. Спас од аерозагадувањето пак, ќе се бара во изградба на когенеративни централи, кои ќе производуваат електрична енергија и гас, кој би се користел за затоплување на домовите. Веќе се преговара и за нив.

- Има заинтересирани фирми за изградба на 2 когенеративни централи, и ова е сериозна инвестиција, над милијарда евра, додаде Божиновска.

Инаку идејата за Чебрен започнува од 1964-та година,а во 86-та се склучени договори за изработка на инвестициско техничка документација. До сега имаше 14 тендери и сите беа неуспешни. Инвеститор за изградба на когенеративните централи пак се споменува од минатата година.