Руте: Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е посветен на борбата на Украина против Русија

Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е „целосно посветен“ на тоа Украина да продолжи да се бори против руската инвазија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за Ројтерс.
Зборувајќи на крајот од самитот на НАТО во Хаг, Руте, вчера, исто така, рече дека никој во НАТО не е наивен во врска со Русија и дека сите членки на Алијансата „повеќе или помалку имаат иста проценка“ за Москва.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, зазеде попомирувачки став кон Русија во обид да ја заврши војната во Украина, покренувајќи прашања за посветеноста на САД кон Киев.
- Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е целосно посветен на тоа Украина да продолжи да се бори, да се осигура дека доколку има мировен договор, тој мировен договор или прекин на огнот да биде траен, рече тој.
Генсекот на Алијанската додаде дека е јасно дека Европејците ќе бидат одговорни за поголема воена помош за Украина.
Но, нагласи тој, САД ќе продолжат да бидат „силно вклучени во размената на разузнавачки информации, а исто така и со практична воена поддршка“, вклучувајќи потенцијално системи за воздушна одбрана.
- Мислам дека американското учество ќе продолжи да биде големо, рече Руте во и9нтервјуот за Ројтерс.
Администрацијата на Трамп, исто така, им кажа на Европејците дека тие мора да ја преземат примарната одговорност за сопствената безбедност и да не се потпираат на САД преку НАТО.
Руте рече дека ова ќе биде можно затоа што Европејците се обврзале да издвојат повеќе за одбрана и дека тоа ќе биде „добро организирано“ со цел да се избегнат пропусти што Русија би можела да ги искористи.
Земјите-членки на НАТО се согласија на самитот во Хаг да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година, како што побара Трамп.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
