Македонија
26. јуни 2025 - 12:17

Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола

Од 1 јули стапува на сила  забраната за движење во шума. Од тој период  движењето во шумските подрачја ќе биде возможно само со претходно издадена писмена дозвола. Оваа мерка е дел од превентивните активности за заштита од шумски пожари кои во изминатите години предизвикаа сериозни штети и ја загрозија безбедноста на граѓаните. Освен заштита на шумскиот фонд, одлуката има за цел да обезбеди и подобра контрола и следење на движењето во шумите  за да се знае кој и со каква цел престојува во овие подрачја.

Од Јавното претпријатие Македонски шуми очекуваат совесно однесување од страна на граѓаните со цел зачувување на шумите кои минатата година претрпеа штета од околу 5 милијарди денари. 

Дополнително, од претпријатието информираат дека оваа година се подобро подготвени во однос на лани. Во тек е набавка на нова заштитна опрема за вработените, а решени се и проблемите со платите и осигурувањето  кои минатата сезона ги оставија вработените  без основна заштита и изложени на ризици.