Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
Топлотниот бран и екстремно високите температури го земаат данокот. Од ден на ден расте бројот на интервенции на брзата помош во Штип. Се повеќе граѓани бараат лекарска помош заради повраќање, труења предизвикани од храна, од инфективно токсични агенси.
- Зголемен е бројот на интервенции и на терен и фреквенцијата на пациенти кои доаѓаат во дежурната амбуланта. Имајќи во предвид дека се работи за летен период, имаме специфичност во однос на симптоматологијата. Постепено се зголемува бројот на лица со гастроинтестиални тегоби, стомачни вируси, каде има присуство на течни столици, повраќање, гастралгии, стомачни болки, покачена телесна температура, изјави Тоше Бојчевски, лекар во брза помош - Штип
Најдобар лек е превентивата, односно, да не се изложуваат на дневните температури од над 40 степени. Посебно треба да внимаваат пациентите со хронични болести, кардио васкуларни болести и повишен крвен притисок.
- Посебно кај повозрасните лица, во летниот период, од 09.00 до 18.00 часот да не излегуваат надвор, бидејќи се склони да им се влоши здравствената состојба, колабирање и лица кои страдаат од хипертензија, да настанат несакани последици. Тоа мораме да го кажеме, да го повтараме и апелираме секојдневно, а колку ќе не послушаат зависи од самите граѓани, додаде Бојчевски
Редовно да се оди на прегледи кај матичните лекари и да се врши редовна хидратација, односно, да се пијат доволни количини течности.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар