Македонија
27. јуни 2025 - 16:35

Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон, но и целосно електронски паричник стануваат реалност во Македонија. Собранието денеска ги изгласа законите кои се донесуваат на дигитализација на услугите во издавање на лични документи и потврди од државните органи за граѓаните. Се дигитализира и архивската граѓа на државата, а се зајакнуваат и кретириумите за сајбербезбедност. 

Она што сега следува се подзаконски акти и нивна имплементација

Во меѓувреме се дигитализира целосно и безготовинското плаќање во државата. Хартиениете фактури меѓу фирмите продавачи и купувачи од наредната година ќе станат минато. УЈП од 1 јануари воведува е-фактура како пробен период, за од третиот квартал од 2026 година таа да стане задолжителна за сите фирми. Е-фактурата ќе има одредена задолжителна форма и во неа веднаш директно увид ќе имаат и даночните органи.

УЈП ќе дава бесплатна можност за преземање на примероци за е-фактура, а Петрова тврди дека додека прилагодувањето на интернетите системи за работа на компаниите на оваа форма нема да чини скапо. Дополнително ќе се намалат трошоците што сега тие ги имаат за издавање на фактурите, за поштенските услуги и за чувањето на хартиените документи. 

Министерот за вантрешни работи Тошковски пак, најави дигитализацијата на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки. Имено ќе постои посебен дигитален и безбеден систем преку кој ќе комуницираат МВР, Бирото за јавна бвезбедност, обвинителството и Судот, за што ќе постои дигитален запис за барањата, наредбите и одлуките за посебни истражни мерки.