Македонија
6. July 2025 - 16:28

Вливот на реките рак рана за езерото

Вливот на реките рак рана за Охридското езеро. Најголемите загадувачи не се мештаните или туристите кои фрлаат најразличен смет во водата туку реките кои со себе носат најразличен отпад кој останува на дното на езерото и може да опстане и стотитици години.

Досегашните акции за чистење на езерото во одредена мера вродиле со плод, но сепак треба уште многу поинтензивно да се работи на подигнување на јавната свест.

Доколку продолжи негрижата, на Охридското езеро му се заканува потполно уништување на некои ендемични видови од животинскиот и растителниот свет предупредуваат и екологистите.