Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистиката покаже повисока инфлација. Министерот за економија неделава најави – се подготвува нов сет мерки, доколку поскапувањето на храната продолжило и во јуни. Дали повторно ќе се замрзнуваат цените и ограничуваат маржите, Дурмиши не обелодени, само рече дека се размислува да бидат опфатени сите производи, а не само неколку групи, како до сега.
Последните податоци кои ги објави статистиката покажаа дека трошоците за живот во мај скокнале за 3,3 отсто. Зголемувањето на цените било најголемо кај основните прехранбени производи – и тоа кај месото и шеќерот од 10 до 15 отсто, а кај овошјето и зеленчукот од 15 до 25%. За лошиот стандард од СДСМ ја обвинија власта.
Велат – граѓаните се се посиромашни, додека цените секојдневно одат нагоре, платите им стагнираат.
-Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се помалку за живот. За 20% е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20% помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија.70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра", рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива. истакна на прес конференција потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.
Шукова обвини и дека странските инвеститори губат интерес да вложат кај нас, поради несигурноста и хаосот кој го вовела власта. Според податоците на Народната банка, странските директни инвестиции во првиот квартал изнесуваат 136 милиони евра, бројка која е пониска за 262 милиони во однос на последниот квартал од 2024 та година.
Но од ВМРО ДПМНЕ им возвратијај дека е небулозно СДС да зборуваат за странски инвестиции, кога народот го оставија со 150 денари на ден, празна каса и држава на раб на банкрот.
-Лицемерно е СДС да говори за инвестиции и економија кога во нивно време државата дојде на раб на банкрот, платите доцнеа или не се исплаќаа со месеци за разлика од денес кога платите се добиваат на време, а Македонија е 4-та економија во Европа, Денес имаме рекордни странски директни инвестиции од 1,2 милијарди евра.
Се градат автопати, општините и бизнисите имаат поддршка над 500 милиони евра, се отвораат нови фабрики и нови работни места. се вели во соопштението на владејаќката партија.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар