Македонија
9. July 2025 - 17:21

Голем интерес за брзата пруга

16 меѓународни финансиски институции и банки доставиле писмо за интерес за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10. Од министерството за финансии не ги открија нивните имиња, ниту пак колкава камата побарале за кредитот кој би ни го дале, само велат дека во наредниот период ќе направат анализа и евалуација на понудите.

За финансирање на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, министерството за финансии писмо за интерес прати до 24 финансиски инстуции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство Токму големиот интерес е потврда за кредибилитетот на овој проект, кој се проценува на 1,91 милијарди евра, вели минситерот за транспорт Николовски.

-Токму големиот интерес покажува дека овој проект е исклучително обмислен и исплатлив, но и дека се работи за најзначајниот и најважен инфраструктурен проект  во поновата инсторија на Македонија, изјави министерот за транспорт Александар Николовски.

Откако ќе се избере најдобрата понуда и ќе се изгласа во Собранието, ќе  се потпише договор со кредиторот. Поралалено ќе се бара и изведувач на проектот, каде шанса за учество ќе имаат и македонските градежни компании

-Паралелно со изборот на кредитор ќе одиме и со избор на изведувач на проектот, кеде што ќе разговараме на транспарентен начен  со  најголемите и најкредибилни градежни компании. Добро е што во овој проект ќе можат со 70% да учествуваат и домашни компании, што е најголемо учество на домашни фирми, додава Николовски.

Старт на изградбата  на пругата  по која ќе се вози по 200 километри на час за патници и 120 за товарен сообраќај,  Николковски очекува  крајот на есента или почетокот на пролетта следната година.