Македонија
15. July 2025 - 12:15

Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“

Полицијата со детали за инцидентот кој се случи утрово на пешачка патека во Скопје. 

- На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. “Даме Груев” во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош, потврдија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Според сведочења на граѓани, лимената конструкција се одвоила поради силниот ветер.