Македонија
18. July 2025 - 8:29

Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование

Министерството за образование и наука и Бреинстер денеска ќе потпишат меморандум за соработка со фокус воведување на вештачката интелигенција во средното образование.

Како што најави МОН, меморандумот ќе го потпишат министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ - друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинтер Некст - приватна високообразовна установа самостојна висока стручна школа, Александар Клашниновски.