Засилени контроли на возачите во Охрид
Засилени контроли на возачите на мотоцикли во главниот туристички центар .Последната несреќа во која загина 16 годишно момче го вклучи алармот од охридската полиција напоменуваат дека во наредниот период, интензивни ќе бидат сообраќајните контроли кон сите возачи на моторни возила и учесници во сообраќајот. Само во периодот од март до јуни затекнати биле 231 лице без кацига и 42 лица без возачки потврди.
Во тешката несреќа во која едно лице загина кај Рача другиот 16 годишник кој беше тешко повреден е префрлен на Клиниката во Скопје и се опоравува.
Од полицијата најавуваат дека ќе се изрекуваат казни кон сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните знаци за дозволена брзина како и другата хоризонтална и вертикална сигнализација или по други основи ги кршат одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај а отсекот за превенција ќе спроведува засилени превентивни сообраќајни кампањи.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар