Преглед на вестите од светот
Киев и предложил на Москва нова рунда мировни преговори за следната недела објави Зеленски. Украинскиот претседател во свооето вечерно обраќање нагласи дека темпото на преговорите мора да се забрза за да се постигне прекин на огнот. Двата круга разговори кои се одржааа во Истнабул не резултираа со напредок кон прекин на огнот, туку доведоа до размена на заробеници и договори за враќање на телата на убиени војници.
- Динамиката на преговорите мора да се зголеми. Мора да се направи сè за да се постигне прекин на огнот. Руската страна мора да престане да избегнува одлуки. Размена на затвореници, враќање на деца, прекин на убиствата. Потребна е средба на ниво на лидери за вистински да се обезбеди мир, траен мир. Украина е подготвена за таков состанок, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Се огласи портпаролот на Кремљ- Путин е подготвен да разговара за мир во Украина , но глацната цел на Моксва е да ги постгне своите цели.
- Всушност, претседателот Путин постојано зборуваше за својата желба што поскоро да го доведе украинското решение до мирен крај. Ова е долг процес, бара напор, не е лесно и се чини дека Вашингтон сè повеќе го разбира ова. Русија е подготвена да дејствува брзо. За нас, главната работа е да ги постигнеме нашите цели, тие се јасни, очигледни и непроменливи. Но, процесот не зависи само од нас., изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Пред неколку дена американскиот претсдетел Трамп и се закани на Русија со казнени мерки ако до почетокот на септември не се согласи на мировен договор со Украина.
Најмалку 14 лица загинаа во поплави и свлечишта во Јужна Кореја предизвикани од поројните дождови кои петти ден по ред ја погодуваат земјата. 12 лица се водат за исчезнати. Спасувачките трагаат по нив . Најмногу погодени се централните и јужните региони. Повеќе од 7000 луѓе беа принудени да ги напуштат своиите домови и да побараат засолниште во прифатни центри. Се очекува врнежите од дожд да престанат доцна вечерва.
Израел нареди нова евакуација во поајсот Газа додека во Доха претставниците од Израел и Хамас , со посредството на САД, Катар и Египет ги продолжувааат преговорите за 60 дневен прекин на огнот . Наредбата за евакуција утрово беше упатена до жителите и раселените Палестинци кои се засолнуваат во Деир Ал Балах да си заминат од градот што е можно побрзо и да се движат кон ал-Маваси .ИЗарел досега од воздух го наапагаше Деир Ал Балах и немаше распоредено копнени трупи. Наредбата за евакуација според Хамас значи дека израелкста војска ке почне конпнена операција и во тој град. . .Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано нагласува дека проширувањето на израелските воени операции во Газа ќе изврши притисок врз Хамас побрзо да ги ослободи заложниците. Израелската војска соопшти дека контролира повеќе од 65% од Појасот Газа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар