Македонија
1. August 2025 - 12:18

Бројни концерти во шпицот на сезоната

Бројни културни и музички настани во шпицот на сезоната во Охрид.Како и секоја година пред и по Илинденските празници градот ја доживува кулминацијата со бројни светски имиња од музичката и сценската уметност познати музички ѕвезди од регионот и секако од домашната сцена.Градот привлекува туристи од сите краеви ширум светот.

Засилени контроли има на сите фреквентни места во центарот но и околу бројните концерти во градот.

Во Охрид деновиве се бара место повеќе .Покрај туристи во приватното и хотелското сместување, гости има и во викенд становите чии сопственици најчесто ги отстапуваат на роднини и пријатели или ги издаваат за престој.