Македонија
4. August 2025 - 16:39

Независните почнаа со собирање потписи

Почна собирањето на потписи од независните граѓански иницијативи за формирање на политички партии со цел да можат да влезат во трката з алокалните избори. Бнаредните 10 дена ќе бидат клучни да се собверат потребните 1.000 граѓански потписи ако сакаат со партиски печат да пријават советнички листи или пак, кандидати за градоначланици.

Засега две иницијативи покажаа интерес да се регистрираат како партија, Првата е зелен хуман град граѓнска организација која на минатите локални избори доби 2 своетника во г. Скопје. Додека втората инцијатива е заедничка на Независни за Карпош, Зелените од Гази баба и Шанса за Центар кои имаат свои советници во овие општини.

Независните иницијативи, велат дека формираат само намеснки партии и дека остануваат идеолошките разлики и независноста во одлучувањето. Има премолчен договор да неси конкурираат едни на други.

Граѓанските здруженија и иницијативи се решија да регистрираат партии откако стана јасно дека претстојните избори нема да можат да одат со независни кандидати. Уставниот суд, уште пред неколку месеци, го укина прагот од 1% за независна кандидатура што ќе значеше потребна поддршка од илјадници граѓани, но Собранието се до овој момент не ја пополни правната празнина во Изборниот законик. Ова им да даде предност наполитичките партии, иако Уставот го гарантира правото дека секој граѓанин може да биира, но и да биде избран на избори.