Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите
Собранието ја продолжува постапката за избор на прв човек на Антикорупциска комисија и покрај тоа што во сабота спикерот Гаши ќе ги распише локалните избори, а со тоа ќе почнат да важат и забраните за вработувања за време на предизборието.
На собранискиот календар веќе за в среда е закажана Комисија за избори и именувања која треба да ја го одбере независното тело што ќе направи селекција на најдобрите пријавени кандидати на гласот што е во тек.
Сепак, постапката, како што објаснува за Сител претседателот на Комисијата Сајкоски ќе се спроведе се до финалниот момент – односно конечниот избор на Претседател на ДКСК. Дали ќе биде направен изборот ќе зависи од самата Антикорупциска комисија.
Всушност ќе треба мислење за членот 8а од Изборниот законик кој вели дека од денот на распишување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.
Членовите на Антокрупциска ќе треба да пресечат дали изборот на нов претседател на ДКСК е итна и недоложна рбаота, имајќи предвид дека оваа институција има големи надлежности во контрола на изборниот процес.
Доколку даде зелено светло, пратениците ќе треба да бидат спремни предвреме да се вратат од летниот одмор и да направат избор на прв човек на Антикорупциска.
Собранието пред два дена го објави огласот за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата и тој трае десет дена. Во меѓувреме треба да се формира Комисијата за селекција која е составена од 7 члена и тоа по два од власта и опозицијата, потоа еден член номиниран од Народниот правобранител и по еден член имаат граѓанскиот скетор и медиумите. Оваа Комисија ќе ги спроведува и јавните интервјуа на кандидатите и е клучна во нивното бодување.
Антикорупциската комисија остана без претседател откако Татјана Димитровска си поднесе оставка поради јавниот притисок да замине од функцијата по двете обвиненија за најзе во случајот Адитив.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар