Зеленски и европските лидери кај Трамп
Трамп попладево е домаќин на Зеленски, клучните европски лидери и шефовите на ЕК и НАТО. Ке ги запознае со условите за можен мировен договор што го дискутирал со Путин на петочна средба во Алјаска. Во пресрет на разговорите, Трамп го повика Зеленски да постигне договор за три и полполгодишниот конфликт со Русија, притоа нагалсувајки дека Украина нема да влезе во НАТО и нема да го врати Крим, како отстапка за постигнување мир.
- „Претседателот Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори. Сетете се како започна. Нема враќање на Крим, кој Обама го даде (пред 12 години, без испукан куршум!), и нема влез на Украина во НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
На разговорите Трамп ке се фокисра на тероторијалните отстапки што ги бара Москва од Киев. Путин го сака целиот регион Донбас во замена за прекин на офанизивата во регионите Запороќје и Херсон. Украинскиот лидер постојно повотрува дека нема намера да го предаде Донбас.
„Уверен сум дека ќе ја браниме Украина, ефикасно ќе ја гарантираме безбедноста и дека нашиот народ секогаш ќе му биде благодарен на претседателот Трамп, на сите во Америка и на секој партнер и сојузник за нивната поддршка и непроценлива помош. Русија мора да ја заврши оваа војна, која самата ја започна. И се надевам дека нашата заедничка сила со Америка, со нашите европски пријатели ќе ја принуди Русија на вистински мир“, вели украинскиот претседател во објава на Х.
Специјалниот пратеник на Белата куќа, Стиф Виткоф , тврди дека Путин се согласил со силни безбедносни гаранции за Украина, слични на мандадот за колективна одбрана на НАТО.
„Тоа значи дека Соединетите Американски Држави се потенцијално подготвени да можат да дадат безбедносни гаранции според Член 5, но не од НАТО, туку директно од Соединетите Американски Држави и други европски земји. Тоа е големо. Мислам, навистина големо, изјави Стив Виткоф,
Трамп и Зеленски прво ќе одджат тет а тет средба во Белата Кука а потоа ке им се приклучат францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерката на Италија, Џорџа Мелони претседателот на Финска, Александар Стуб, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кои се надеваат дека ќе му помогнат на на Зеленски да издејстѕвува подобра прегварачка позиција.
Ако денес покажеме слабост пред Русија, ги поставуваме темелите за идните конфликти и тие ќе влијаат врз Украинците. Не може да има територијални дискусии за Украина без легитимните, демократски избрани лидери на Украина. Нема дискусија за Украина без Украинците. Но, на ист начин, не може да има дискусија за безбедноста на Европејците без нив, порача Макрон.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар