Македонија
19. August 2025 - 16:45

Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра

Државата го доби случајот Казандол на арбитажа, со што се заштедија 115 милиони евра. Министерот за транспорт е задоволен што против моќно адвокатско друштво од Лондон, каде работи и сопругата  на Тони Блер, аргументите на владата против изградба на рудник во  Валандово – победија. Николоски изрази сомнеж што претходните влади до сега речиси секогаш го губеле спорот и од државта се одлевале стотици милиони евра отштета. 

- Постапките се многу комплицирани.

Но, ако продолжи овој след, а јас сум убеден дека ќе продолжи, тогаш надлежните органи ќе треба сериозно да се позанимваат со тоа како биле отворани арбитражите и како бевме сите убедувани дека Македонија ќе губи стотици милиони евра, а некогаш и милијарди, а еве не ги губи и зошто овој случај бил затворен во декември 2023 година, изјави вицепремиерот Александар Николоски на прес-конференција.

На денешната владина седница одлучено е  да се започне со целосна реконструкција  на железничката пруга од Скопје до Кичево. Со грант од 5,3 милиони евра Европската Унија ќе изработи физибилити студија во следната година и пол, а веднаш потоа  би се започнало  и со изградба на пругата.

Според Николоски, комплетно нова пруга би добиел за 2, до 2,5 години по изработката на физибилити студијата.