Бизнис
21. August 2025 - 18:53

Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава

Зголемен род од  25% и повисока  откупна цена на грозјето најавува министерот за земјоделие.  Очекува берба од над 100 милиони килограми грозје, а цената за  килограм смедеревка е утврдена на 18,9 денари, додека на Вранецот 21,3. Иако овие цени се нешто над половина денар повисоки од ланските, Трипуновски вели дека влезните трошоци за производство оваа години им биле пониски на лозарите, па  заработката ќе им биде повисока

- Знаете дека зелена нафта им субвенционираме 100%, имаат пониски влезни трошоци за произвдство, пака што лозарите очекувам да бидат задоволни, изјави Цветан Трипуноски, министер за земјоделие

Бербата на најголемите вински сорти ќе започне за неколку дена. Од  Здружението на винарии очекуваат поголемо производство на вино годинава,  а со тоа и зголемен извоз. 

- Околу 85 проценти од тоа што се произведува во Македонија, е извезено вино.. Тоа е  околу 50 до 60 милиони евра , што е  значителен придонес во макеконската  економија., изјави Елена Младеносвка Јеленовиќ, Здружение на откупувачи на вино

Откако дел од винариите го изгубија рускиот пазар, се стермат да освојат нови. Имиџот на македонското вино веќе е препознатлив во странство,  но означувањето со географска одредницауште повеќе ќе ја зајакне гарацијата за квалитет и довербата од купувачите.

Целта е се повеќе да се извезуваат флаширани, а не како сега  -  наливните  вина да учествуваат со 60% .