Македонија
2. September 2025 - 12:23
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
Опозицискиот лидер најавува дека неговата резолуција со црвените линии до крајот на оваа недела ќе биде претставена пред јавноста и политичките партии.
Рече дека ја разбира грижата на граѓаните и дека ја примил пораката на последните избори но како што рече, ниту еден документ до овој момент не ги загрозува идентитетските прашања.
Според Филипче, потребен е натпартиски консензус на полето на интеграциите.
-->
-->