Македонија
5. September 2025 - 12:21

Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците

Министерката за образование ги демантира  реакциите на дел од наставниците дека новите е-дневници не работат, системот паѓа и не можат да зачувуваат податоци, Според неа новиот е- дневник функционира, тој е  креиран и одобрен од ЕУ по нивни стандарди а наставниот кадар добил соодветна обука за користење.

Она што е новина вели Јаневска е што повеќе нема да може да се поправаат и бришат оценки, па затоа наставниците треба повнимателно да внесуваат податоци бидејќи само администратор од МОН ќе има пристап за корекции доколку се тие  оправдани.

Во однос на учебниците за кои има бројни реакции дека се користат и по 9 генерации, фалат страници или воопшто ги нема по одредени предмети, Јаневска вели училиштата се тие кои се должни да водат сметка во каква состојба ги примаат книгите.

Според министерката, од прво до трето поделени се сите учебници, во другите одделенија каде што фалат дополнително ќе бидат доставени. Предизвик ќе остане учебникот по историја за 8мо одделение кој беше повлечен поради насоки од мешовитата историска комисија.