Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
Инфлацијата не стивнува. Статистиката измери дека во август изнесува 4,4 отсто во споредба со истиот месец лани. Поскапело речиси се – најмногу храната и пијалоците, чии цени се повисоки за над 6%. Најголем - двоцифрен скок од 25 отсто има кај овошјето.
Мастите и маслата се продаваат поскапо за 7,5, зеленчукот скоро 6, а кафето, чајот и и какаото, чии цени значително се зголемија на светските берзи – 29%. Индексот на цените на мало пак, бележи зголемување од 4,1 отсто. Најголем скок од 11% има кај зеленчукот.
Минатиот месец инфлацијата изнесуваше 4,8%, Статистичките бројки покажуваат благо стабилизирање, кое се уште е далеку од владините очекувања за 2,8 процентна инфлација, власта најавува дека се прават анализи дали да преземат одредени мерки, додека пак опозицијата критикува – зошто не се носи ниту една мерка.
Оваа влада покажа дека ниту има стратегија, ниту капацитет да ја заузда растечката инфлација. Жално е што владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема желба да им помогне на граѓаните и да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард, се вели во соопшението од СДСМ.
Затоа повторно бараат итни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар