За сигурни пензии ќе мора да се зголеми старосната граница за пензионирање
Зголемување на старосната граница за пензионирање, но и на придонесите, се неминовни за стабилност на пензискиот систем. Ако сакаме сигурни пензии, нема друга алтернатива – алармираат од пензиските друштва. Во европските земји веќе е зголемена возраста. Во Данска до 2040 та прагот ќе биде 70 години. Но кај нас, со оглед на помалиот просечен животен век, пропорачуваат границата да биде пониска.
-Зголемување на старосната граница како и зголемување на процентот кој се одвојува за пензискиот столб ќе влијаат на стабилноста на пензискит систем. Овој систем подразбира и следење на демоградфските показатели и адаптирање на најновите проценки. Првата проценка беше до 2050 та година да имаме од 1,9 до 2 милиони жители. Во моментов сме милион и 800 илјади, а најновите проценки покажуваат дека до 2050 та ќе бидеме 1,5 милион жители. Сетоа тоа зборува за недоржливост на првиот пензисики столб, однсно недоволно средства за исплаќање на пензиите, изјави Снежана Станковиќ, претстваник на пензиско друштво.
Просекот за пензионирање во европските земји е 67 години. Кај нас, старосната граница за жени е 62, а за мажи 64 години. Фискалниот совет и меѓународните изнституции ккако ММФ и Светска банка неколку пати повикаа да се зголеми прагот за дополнителни 2 години, како и придонесот кој се плаќа во ПИОМ – и во моменов е 18,8 %. Од овие пари – 6% се префрлаат во 2 пензиски столб.
-Реформа во пензиксиот систем што е можно побрзо За стабилни пензии и одржливост мора да се зголеми процентот кој се уплаќа, за да имаме стабилни пензии, изјави Весна Стојановска, претставник на пензиско друштво.
За да може навремено да се исплаќаат пензии секоја година од буџетот се префрлаат милиониски суми во ПИОМ. За оваа година трасферите надминаа 680 милиони евра, а за следната ќе требат дополнителни 211 милиони.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар