Опрема современа има но нема медициски кадар
Лабораториите во Македонија располагаат со најсовремена опрема но нема доволно медицински едуциран кадар. Голем дел од лаборантите за жал среќата ја бараат надвор од нашата држава пред се поради поголемите плати но и условите во кои работат.
Доктор Беќаровски од Универзитетската клиника за токсиокологија посочува дека овој проблем станува алармантен особено во помалите средини ,загрижува тоа што во цела Македонија има само тројца клинички токсиколози.
Недостигот на медицински кадар за жал постанува тренд и во останатите европски држави но тие овој проблем го решаваат со тоа што увезуваат доктори од Балканските простори каде сеуште се продуцира солиден кадар.
Инаку на 10та меѓународна конференција на Здружението на медицински лаборанти на која присуствуваат над 150 учесници се презентираат најновите достигнувања и истражувања за лабораториската дијагностика и предизвиците со кои се соочуваат.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар