Македонија
24. September 2025 - 12:16

Мицкоски: На сите им е јасно дека реформите во судството се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите

Владата планира да вработи административци во Обвинителството и Судството, со оглед на тоа што работат со една третина од капацитетите кои им се потребни.

Но премиерот Христијан Мицкоски вели дека добар дел од судиите и обвинителите во моментот не си ги заслужуваат платите.

Најави дека реформските законски измени ќе бидат донесени, но платите на судиите и обвинителите нема да растат.