Радарот на Скопскиот аеродром повторно е функционален
Радарот на Скопскиот аеродром од утрово повторно е функционален. Директорот на М-НАВ вели дека изминатите три дена стручните служби деноноќно работеле радарот да биде ставен во функција, со оглед дека тимот од Италија кој требаше да помогне во надминување на проблемот во Скопје пристугнува денеска.
Ристевски вели дека и изминатите три дена колку што траеше поправката на радарот, воопшто не била нарушена безбедноста на Скопскиот аеродром.
Проблем стар 30 години е решен во рекордно време од само три дена, вели и министерот за транспорт. Николовски прашува зошто се користи радар стар 3 денцении за кои веќе не се произведуваат ниту делови, додека нов радар скапува во депото на Скопскиот аеродром.
- Навистина е на раб на чудо како успеавме да набавиме резервни делови. И во исто време да прашам, зошто претходната Влада на СДСМ не го инсталираше целосно новиот радар кој што е пристигнат во Скопје од компанијата "Леонардо" и стои немонтиран. Еве да најавам дека на следната седница на Влада во вторник, ние ќе донесеме одлука со која што ќе пристапиме кон монтирање на истиот, рече Николоски.
Раководството на М-НАВ уверува дека и изминатите три дена Скопскиот аеродром функционирал редовно, без задоцнувања и со капацитет од 4 слетувања во еден час, што е вообичаено за овој период од годината.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар