За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
За една година згаснале скоро 5.400 фирми, или 1.600 повеќе во споредба со лани. Според податоците на Централниот Регистар, најголем дел од нив се од трговијата на големо и мало, услужниот сектор и преработувачката индустрија.
Претежно компании се затворале во скопскиот регион. Но во истиот период се зголемил и бројот на новоосновани. Годинава се отвориле 9,186 или 940 повеќе во однос на 2024-та. Директорката задоволна што е поголем бројот на новоотворени отколку згаснати компании.
Околу 80 000 компании се активни во земјава, а за 40 отсто е зголемен бројот на оние што електронски ги поднесуваат годишните сметки, информира директорката на Централниот регистар Анита Стамнова.
Последните податоци објавени на државната статитка годинава се однесуваат на активни субјекти во 2023-та. Тогаш имало нешто над 72 илјади фирми кои работат, од кои 83% бројат од 1 до 9 вработни.
Компании над 250 вработени се само 0,3 отсто. Согласно законот, за оние фирми кои само се основани, а немаат никаква дејност цела година, односно нема да достават завршна сметка и финансиски извештаи, Централниот регистар поведува прекршочна постапка и им се изрекува глоба. Ако три години по ред се неактивни, се бришат од единствениот трговски регистар.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
