11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
11 години затвор доби Фатон Љури кој го прегази на пешачка патека Југослав Николовски. Под прозорецот на неговиот семеен дом кај паркот на Франкофонијата, пред пет месеци беше прегазен од Љури кој без возачка, управувал со Кавасаки мотор кој не бил во негова сопственост на пешачка патека на која е забренето да се возат мотори.
Иако за ова кривично дело казните затвор во просек се пониски, сепак поради се поголемата зачестеност, судијката Снежана Марковска во образложението на пресудата кажа дека со овие 11 години затвор се испаќа порака во јавноста дека овие постапки се недозволиви и казните затвор се високи.
Како отежителна околност се зема тоа што и претходни Љури е правосилно осуден за друго кривично дело и според судот не извлекол поука од тоа и сторил ново кривично дело. Како една од ретките олеснителни околности која се зема предвид е тоа што го признал делото.
За него судот води одвоена постапка за тоа што не укажал помош на Југослав Николовски кога го прегазил, иако Љури тврди дека се вратил да помогне и не се чувствува виновен за тоа, иако полицијата два дена го бараше, а потоа тој самиот се пријави во полиција.
Иако неговата одбрана бараше тој да биде во куќен притвор до правосилност на пресудата, сепак судот одлучи да остане во затворски притвор. Одбраната на Љури има 15 дена да се жали до Апелација за 11 годишната затворска казна.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар
