Македонија
2. January 2026 - 16:41

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди

Две деца од 13 и 14 години ќе останат со трајни последици на рацете. Останале без дел од прстите по користење на пиротехнички средства за новогодишната ноќ. Со тешки телесни повреди, птно биле примени на Клиниката за детска хирургија каде се уште се хоспитализирани и под лекарски надзор.

- Од Полноќ до изутрина дежурната екипа неа во операциона сала и ги згрижија повредите на децата. Ќе имаат трајни последици децата за жал. Има ампутации на прсти кои се неповратни. Тие сеуште се на клиника, во добра состојба се и примаат соодветна терапија, вели д-р Лазар Јовчевски, директор на Клиника за детска хирургија.

И покрај забраната, тонските заплени на петарди од страна на полицијата и бројните апели од лекари за фаталните последици, сепак, годинава за разлика од порано има поголем број на повредени од користење на пиротехнички средства. Десетина биле амбулантски третирани но за дел бил неопходен и хируршки третман. Она што го регистрираат лекарите е дека покрај малолетници во болница завршиле и возрасни со експлозивни повреди.

- Има 69 годишен примен на Клиниката за Трауматологија, исто така со повреда на левата подлактица и левата шака од користење на пиротехнички средства, вели д-р Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ(01.01.2026)

- Во однос на петардите имаме само двајца кои се малоленици, загрпжува тоа што најстариот од повреда со петарди е на 57 годишна возраст, малку чудно, вели д-р Небојша Настов, директор на клиника за Хируршки болести Св. Наум Охридски(01.01.2026)

Изгореници, ампутации, оштетувања на слухот и видот, стрес и вдишувања на отровни испарувања се само дел од неправилното користење на пиротехнички средства. Повредите од петардите остануваат за цел живот а за навидум безопасните игри да не станат кобни лекарите постојано апелираат сигурни празници без употреба на пиротехника.