Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
Законот не е рестриктивен туку е европски, вели министерот за здравство за мерките кои ќе стапат на сила за неполни два месеци и драстично ќе го ограничат користењето на цигари и останати никотински производи. Од здравствен аспект Азир Алиу очекува да биде намален бројот на заболувања поврзани со тутунската зависност. Вели дека е алармантно што над 13 проценти на деца од 13 до 15 години користат некаков тутунски производ а загрижувачки се бројките и за 16 годишници.
-36 проценти е користење на обични вигари кај момчиња а 40 проценти на електронски цигари. Тоа е висок процент, зборуваме за деца на 15 и 16 години и затоа тоа не охрабрува да работиме во оваа насока, вели Марија Андоновска, директор на ИЈЗ
-Според броките ние сме на врвот како држава цие население се зависни од вигари или користат производи кои имаат никотин. Така да по направените анализи ќе биде намален бројот на граѓани кои ќе имаат здравствени проблеми поврзани со пушењето, вели Азир Алиу, министер за здравство
Со новиот закон пушењето ќе биде забрането пред здравствени установи, училишта, градинки, министерства..За Клиничкиот центар иако е голем комплекс министерот за здравство вели дека може да најдат начин со внатрешна инфраструктура или пак тераса отворена од три страни. Алиу не очекува и бизнисот да трпи поради законските обврски.
-Со нездраво население вие дефинитивно одмагате на бизнисот многу повеќе отколку со вакви политики против пушење на цигари во затворени простории. Направена е и таква анализа. Луѓе кои се зависници од таков тип на производи се помалку активни во секојдневната работа во државните и во приватните институции, вели Алиу.
Алиу од утре ќе има средби со инспекторатите за презентирање на законот и разговори дали ќе им треба дополнителен кадар за негова доследна имплементација на терен.
Освен забраните законот предвидува и високи казни за оние што нема да го пшочитуваат. 300 евра за физички и од 2000 до 5000 евра за правни лица.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
