Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
Доенчиња, деца од градинка и ученици го исполнија капацитетот во Клиниката за белодробни заболувања Козле поради компликации од вирусните инфекции. Од хоспитализираните 20 се со грип најчесто од типот А а најмладиот пациент е едномесечно бебе. Педијатрите велат дека постојано се со стетоскопот во рака и во еден ден имаат и над 250 прегледи. Дали ќе биде пролонгиран стартот на второто полугодие надлежните ќе се раководат според бројките, но во детските здравствени установи гужви имаат постојано.
- Клиничката слика е буквално идентична кај сите. Родителите најмногу ги плаши онаа темепратура која трае долго. И за грипот се очекува трае и 7 до 8 дена температура, омалаксаност, намален апетит. 80 деца се хоспитализирани секако чуваме места е за потешки случаи, но амбулантските прегледи не запират, вели д-р Елена Ѓиновска Тасевска, педијатар во Клиниката за белодробни заболувања Козле.
Влошени пневмонии, опструкции, дехидратација и гнојни ангини се најчестите копмликации поради кои децата завршуваат на болничко лекување. Педијатрите велат дека кашлицата по прележан грип може да продолжи уште три до 4 недели и родителите да не паничат доколку детето нема други симптоми и е весело и разиграно. Од друга страна, пак, болничкиот третман може да трае и до 10 дена.
- 10 деца особено доенчиња се во периодот на кислородна поддршка и кај нас хоспитализирани како компликации од грипот со потешки долно респираторни заболувања. И вообичаено гледаме да ги редуцираме, но во сезоната на грип посетите се забранети, вели д-р Ѓиновска Тасевска.
Минатата недела имаше драстичен скок на заболени со грип и болести слични на вирусот. Од околу 1800 тини пријавени во Институтот за јавно здравје, половината беа деца до 14 годишна возраст. Епидемиолозите пикот го очекуваа на крајот на месецот.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
