Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
И по два месеци откако членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции јавно кажаа дека 10 пациенти без потреба биле пратени на операции, состојбата е статус кво. Иако беше најавена меѓународна помош со тројца експерти, тие се уште не се дојдени во државата ниту пак имале онлајн состанок со македонските доктори кои ги анализираа сомнителните случаи.
По обелоденувањето уште лани летото од интервентниот кардиолог Сашко Кедев дека во приватни болници без потреба правеле операции на срце, беше формирана Комисија која анализираше 19 случаи. За нив второ мислење требаше да дадат и странските доктори, но кога ќе дојдат се уште не се знае.
-Завршена е комплексната административна процедура во однос на ангажманот на странските експерти, кои се од Италија и Словенија и се очекува наскоро членовите на интерната комисија заедно со странските експерти да одржат онлајн состанок. По одржување на состанокот јавноста ќе биде информирана за заклучоците и следните активности, е општиот одговор што го добивме од Министерството за здравство.
Засега нејасно е до каде е и формирањето на харт тимовите кои Азир Алиу ги најави уште пред два месеци. Тие според министерот треба да одлучат дали треба или не кардиохируршка интервенција, односно за секоја операција од овие специјалнсоти да има второ мислење.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
