Стојановска: Кога ДУИ лаже ние ќе кажуваме вистини
Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за средбата во мојата канцеларија. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска тврди дека ДУИ биле подготвени на се за да влезат во владата по последните парламентарни избори
„Нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Влен, само да биде дел од истата оваа влада. Но, ние останавме истрајни во она што беше порака од народот - дека ДУИ мора да оди во опозиција. Друг пат, пред да кажува невистини, нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини“ – пишува Стојановска на социјалните мрежи.
Нејзината реакција следи по интервјуто на Ахмети за ТВ 21 во кое тој тврди дека со Премиерот Мицкоски биле договорени заедно со локалните избори минатата есен да се одржат и предвремени парламентарни избори
Односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгледаа затоплени по последната лидерска средба на која Ахмети рече дека неговата партија ќе даде поддршка за сејф сити и народниот правобранител, но на денешната седница гласаа против.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
