Доброволно ПП друштво против пожарите во Општина Карбинци
Општина Карбинци го формира првото доброволно противпожарно друштво, кое ќе го носи името „Баргала“. Станува збор за проект што се реализира преку ЛАГ Плачковица, во соработка со локалната самоуправа, со цел навремена превенција и поефикасна реакција при појава на пожари, особено во летниот период. Досега Карбинци беше зависна од реакцијата на штипската ТППЕ или од соседните општини
-По Закон за пожарникарство општините имаат право да го формираат, а за нас како мала рурална општина навистина е од суштинска потреба и големо значење. Оние шумски пожари кои што се случуваат на нашата територија ги има секоја сезона или секое лето, така што се надевам дека годинава ќе можеме и ние самите како општина да направие во делот на справување со овие ситуации кои што би ги имале, изјави Виктор Паунов, градоначаланик на О. Карбинци.
За почеток, интерес за членување во доброволното противпожарно друштво пријавиле 12 лица. Тие во наредниот период ќе поминат соодветни обуки и ќе добијат сертификати, со што ќе стекнат право, активно да учествуваат во гаснење пожари, но и при поплави и други елементарни непогоди.
-Бројот на членови не е ограничен, сите лица кои се физички здрави, согласно Закон, на возраст од 18 до 55 години можат да членуваат во друштвото, За да може друштвото да формира своја единица, мора да има најмалку 10 обучени и сертифицирани членови. Покрај интервенциите при пожари, може општината во иднина да смета и на други активности, изјави Столе Георгиев, ЛАГ „Плачковица“.
Паралелно, ќе се обезбеди и потребната опрема, дел преку проектот и буџетот на општината, а дел преку донации и поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
