Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
Интензивните врнежи од дожд ја наполнија акумулацијата „Калиманци“. Браната „Гратче“ од кога започнаа врнежите цело време е на прелив. Во браната „Калиманци“ има акумулирано близу 90 милиони метри кубни вода, која ќе започне се испушта преку хидроелектраната и ќе се користи за производство на електрична енергија. Исто така, ќе може да се акумулира надојдената вода, доколку има нови обилни врнежи од дожд,
-На просторот на брана Калиманци има заврнато околу 30 литри дожд на метар квадратен. Моменталниот доток е 44 метри кубни вода во секунда, а има акумулирано 87 милиони метри кубни вода и од денеска ќе започнеме со испуштање на вода преку хидроелектраната, се со цел да одржиме ниско ниво на брана Калиманци доколку има обилни врнежи на дожд да ја задржиме водата во браната. Брана Гратче е на прелив цело време. Моментално преку брана Гратче поминуваат четири метри кубни вода во секунда, изјави Горанчо Зашов, директор на АД Водостопанство „Брегалница“- Кочани.
Водостојот на реките во Источниот дел од државата е зголемен речиси секаде, но ситуацијата се држи под контрола и нема излевање. Од АД Водостопанство Брегалница Кочани истакнаа дека екипи се постојано на терен и се работи во координација со општините, со цел коритата да се држат чисти и да не се повторат поплавите како во Облешево и Грдовци пред извесен период.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
