Македонија
4. February 2026 - 12:33
Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
Врнежите од дожд го зголемија водостојот на Охридското езеро но честите осцилации и климатските промени влијаат негативно врз растителниот и животинскиот свет .Според екологистот Наумоски ваквата состојба може да доведе до исчезнување на некои ендемични видови риба.
Наумоски потенцира дека веќе години наназад се провлекува прашањето за регулирањето на нивото на Охридското Езеро, тој објаснува дека треба сериозно да се пристапи во реализација на едно системско инфраструктурно решавање.
Екологистите алармираат надлежните да ја следат состојбата имајќи ја предвид еколошката и природна вредност на Охридското езеро кое е под заштита на Унеско.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
