Loading Video...
Свет
10. February 2026 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Специјални сили на американската морнарица упаднаа на танкер за сурова нафта во Индиски Океан, поврзан во Венецуела, откако го следеа уште од Карибите, изјави министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет. Тој додаде дека танкерот ја прекршил блокадата на САД за бродовите под санкции кои пловат кон или од Венецуела. САД ја засилија блокадата на бродови што се под санкции, а пловат кон или од Венецуела, која е членка на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК). Танкерот „Аквила II“ исплови од Венецуела на почетокот на јануари, како дел од флота бродови.

Танкерот транспортирал околу 111.300 кубни метри тешка венецуелска сурова нафта наменета за Кина. Повеќето од танкерите од флотата се вратиле во Венецуела или се запленети од САД.

Државите-членки на Европската унија се запознаени со предлозите на Европската комисија за дополнителни санкции против Русија. Само минатата година, приходите од руска нафта и гас се намалија за 25 проценти, достигнувајќи го најниското ниво од почетокот на војната во Украина. Повторно ќе биде потребна едногласност за одлуката.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали службите за итни случаи и железничките работници за одржување на функционирањето на земјата под речиси секојдневните руски напади, истакнувајќи ја нивната улога во заштитата на енергетските објекти, санирањето на штетите и одржувањето на критичните железнички услуги и покрај опасните услови.

Тој рече дека Украина мора да ги интензивира напорите во февруари за да ја зајакне својата позиција во војната. Четиригодишната војна поттикна бум во одбранбениот сектор, при што индустриските здруженија проценуваат дека Украина има повеќе од илјада производители на оружје и воена опрема, повеќето од нив мали, приватни компании основани по инвазијата на Русија во 2022 година.

Прекрасни зимски снимки на езерото Ири.  Огромна, снежна пустина од мраз, со светилникот Вест Пир опкружен со замрзната површина од ледени формации. Овој леден спектакл доаѓа откако сателитските снимки неодамна покажаа огромна пукнатина што се формира над езерото Ири поради силни ветрови, при што ледената покривка се поместуваше.

Олимписките игри не се само за спортистите тие се вистински магнет и за колекционерите, кои доаѓаат покрај поддршката за своите спортисти, уживањето во спортот и убавините на Олимписките игри и да разменат сувенири – значки кои се дел од Игрите. Некои од колекционерите знаат да издвојат и солидна сума на средства да дојдат до посакуваниот предмет. Но, вистинската големина е во моментите на стекнувањето на новите пријателства.