Loading Video...
Свет
11. February 2026 - 12:14

Преглед на вестите од светот

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето. Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.

Засега не е познато колку од жртвите се малолетници. Полицијата го опиша осомничениот напаѓач како жена со кафеава коса облечена во фустан. Таа била пронајдена мртва во истото училиште со прострелна рана и полицијата верува дека се самоубила и дека немала помагачи.

Во руски напад загинаа четири лица, меѓу кои и три деца, во градот Боходухив западно од Харков, изјави регионалниот гувернер рано утрово. Итните служби пребаруваа низ урнатините на уништена зграда. Децата биле на возраст од една и две години, како и 34-годишен маж, а една 74-годишна жена е повредена. 

На синоќешниот протест на албанската опозиција предизвикаа хаос, прво пред Владата, каде се одржуваше, а потоа и пред Парламентот. По обраќањето на демократскиот лидер, Сали Бериша, почнаа со насилно однесување, обидувајќи се да го пробијат полицискиот кордон. Притоа оштетија дел од металната ограда, фрлаа молотови коктели, протехнички средства, кон владиниот објект.

Многу потензична ситуацијата беше пред Парламентот. Од запаливите средства фрлани кон Парламентот има повредени десеттина полицајци, медиумски работници и неколку учесници во протестот. Полицијата постојано ги повикуваше демонстрантите да престанат и да се оддалечат, па мораше да користи водни топови и солзавец.

Во обраќањето Бериша ги искажа веќе опознатите обвинувања за премиерот Еди Рама, нарекувајќи го „Рамадуро, најголемиот крадец на албанскиот народ“. Тој се задржа и на барањето на обвинителството во Хаг кое побара по 45 години затвор за лидерите на ОВК, оценувајќи дека „тие се невини и оти таму треба да одат српскот претседател Александар Вучиќ и неговиот слуга Еди Рама“.

Зимските Олимписки игри во Милано Кортина денеска го имаат петтиот ден, а околу 2.900 спортисти од 92 држави се дел од овој голем настан. Секојдневно се подготвуваат до 4.500 појадоци, ручеци и вечери во Милано Вилиџ, речиси 4.000 во Кортина д'Ампецо и 2.300 во Предацо. И разбирливо е кога станува збор за Италија што е главно на менито кај спортистите и другите кои се дел од Игрите. 

Храната е достапна 24 часа на ден, а напомена дека хокеарите се веројатно оние што јадат најмногу и најчесто.