Loading Video...
Свет
17. February 2026 - 12:15

Преглед на вестите од светот

Демонстрантите маршираа низ Нови Сад вчера во вечерните часови продолжувајќи ги своите повици за избори и реформи по повеќе од 15 месеци демонстрации. Демонстрантите беа предводени од студентите повикуваат на антикорупциски реформи и предвремени избори.

Маршот во понеделник вечерта се совпадна со настанот во градот по повод 200-годишнината од Матица Српска, најстарата културна институција во Србија, на кој се очекуваше да присуствуваат високи владини претставници.
Полициски возила се собраа пред лизгалиште за хокеј на мраз во американската држава Род Ајленд во градот Потакет по пукањето во кое загинаа две лица, а тројца беа повредени, соопштија властите. Осомничениот Роберт Дорган е исто така мртов, изјави шефицата на полицијата на Потакет, Тина Гонкалвес. Инцидентот можеби произлегол од семеен спор.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека украинското разузнавање покажало дека претстојат повеќе руски напади врз енергетски цели и дека таквите напади го отежнуваат постигнувањето договор за прекин на речиси четиригодишната војна.

Зеленски, во пресрет на новите разговори со руски и американски претставници, исто така рече дека нападите на Москва „еволуираат“, вклучуваат комбинација од оружје и бараат посебна одбрана.

Украинскиот претседател рече дека потпишал декрет за воведување санкции против десет руски спортисти кои ја поддржуваат руската агресија во Украина. Санкциите се откако украински спортист Владислав Хераскевич, беше дисквалификуван од Зимските игри во Италија во четврток, дека на неговата заштитн кацига се спортисти убиени откако Русија ја нападна Украина во 2022 година и ги прекршува правилата за политичка неутралност.
Зеленски во петокот му додели на Хераскевич највисока државна награда во Минхен за време наБезбедносната конференција. 

Карневалот во Рио веќе ја стартуваше својата активност, а уличните забаи се присутни насекаде. Ритамот на самбата е неизбежниот дел од бразилската култура. Во рамки на карневалот е натпреварот на четирите елитни самба училиштата што почна во неделата и се одржува на Самбадромот, а парадата на шампионите ќе се одржи на 21.февруари, додека забавите по улиците ќе траат до 22.февруари. Власите очекуваат повеќе од 6 милиони луѓе да бидат активно вклучени во карневалот.