Македонија
23. February 2026 - 16:39

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања

Партиите си разменија обвинувања – што се крие зад враќањето на Груби, дали власта прави театар или опозицијата е во паника што Груби може да им открие на истражните органи.  

Од партијата на Ахмети го поздравија враќањето на Груби, велат очекуваат да се води фер и транспарентна постапка, процес кој ДУИ ќе го следи во секоја фаза.

 Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.

ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија, велат од ДУИ, додека од Вреди прашуваат дали Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети?

Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме, стои во реакцијата на Вреди.

Како што го договорија бегството, така сега се договорија да се врати велат од СДСМ. Според опозицијата со ваков театар ДУИ го спасува Мицкоски и ја дефокусира јавноста од секојдневните криминали.

Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби? Власта ги презема судството и Обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде“, посочи Кузеска

Од ВМРО-ДПМНЕ им возвратија дека се нервозни бидејќи Груби може да ги открие криминалите на Заеви, Филипче и Спасовски.

За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност, вели Петрушевски. 

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека борбата против криминалот и корупцијата останува нивен приоритет и дека секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата.