Грипот стивнува, но респираторниот синцицијален вирус периодов ги полни педијатриските амбуланти
Третта недела по ред се намалува бројот на болни од грип. Според последниот извештај на ИЈЗ минатата недела имало пријавено 1113 случаи, речиси двојно помалку од последната недела во јануари. Но, периодов респираторниот синцицијален вирус ги полни педијатриските амбуланти. Најзасегнати се новороденчињата и доенчињата до 6 месеци. Дневно во Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле” имаат по над 150 прегледи на болни деца, а 80-тина поради компликации се хоспитализирани.
- Тоа се потешки пациенти кои имаат потежок облик на долнореспираторни инфекти, пневмонија, бронхиолит, и потешки бронхити, а дел од нив побаруваат и кислородна подршка. Оваа сезона бележиме два пика, првиот беше кон крајот на ноеври и вториот е од почетокот на овој месец и навистина многу деца во нашата установа се со докажан РСВ вирус, рече д-р Филип Доксимовски, специјалист педијатар во Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле”.
Зголемен број на болни деца со РСВ инфекција периодов бележат и на Детската Клиника. Според педијатрите симптомите на овој вирус се слични на настинка со затнат нос и сува и надразнителна кашлица, а кај помалите дончиња многу често може да премине во воспаление на долните дишни патишта и да предизвика компликации.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
