Македонија
26. February 2026 - 16:50

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Од неисплатена помош за земјоделци и мало покачување на пензиите, преку тоа како поминала 5 тона марихуана низ граница, или како е поставен контроверзен лик Адамовиќ за почесен конзул во Србија, до лоша инвестициска политика и евероинтеграции што не се мрднати ни чекор.

Филипче со обвинувања за работата на Мицкоски ги почна денешните пратенички прашања. Премиерот пак, му возврати на опозициoнерот дека е мекото ткиво во македонското општество, дека не разликува инпут и аутпут во земјоделските цени, но и за забавите со Харис Џиновиќ во Дубаи.

Сепак, прашањето за куќниот притвор на Груби, не го постави опозицијата туку власта. Мицкоски вели нема политички договор со бегалецот, таква логика имаат СДСМ и ДУИ бидејки тие така работеле.

Од Европскиот фронт на ДУИ пак, не се откажуваат од меѓуетничките теми и полагање на правосуден на алабански.

Мицкоски и министрите вторпат, за помалку од две недели, одговараат на пратенички прашања.